СДСМ: Дали Николовски е организатор на спосоците за гласање на болните во Струмица

СДСМ бара институциите да постапат по скандалот со злоупотреба на болни од ДПМНЕ во Струмица.

„Александар Николовски, кој никогаш ништо реално не сработел во животот, очигледно знае единствено да мешетари и злоупотребува политички функции.

Му порачуваме да не се крие зад бледите соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ туку да излезе и да одоговри на прашањата кои јавноста и граѓаните од Струмица ги бараат:

Дали е тој организаторот на злоупореба на пациентите и објавување на списоци за гласање на болните во болницата во Струмица?

Дали по него инструкција мајката на кандидатот за пратеник од редовите на ДПМНЕ – Петар Марков, Силвана Маркова вработена во ЈЗУ Струмица објавува списоци со болни луѓе за да може да се врши притисок истите да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ?

Дали е вистина дека вакви списоци има во сите институции каде ДПМНЕ има пристап?

СДСМ бара институциите итно да постапат по овој случај на злоупотреба и ќе ги информира меѓународните партнери. Овој скандал потестува на едно не така далечно време кога ВМРО-ДПМНЕ ги киднапираше институциите“.

Соопштение на СДСМ

Текстот СДСМ: Дали Николовски е организатор на спосоците за гласање на болните во Струмица е превземен од МАКФАКС.