Доволни се само две чаши сок од вишни дневно: Природен еклисир кој значително го намалува ризикот од мозочен и срцев удар

124
Фото:пекселс

Свесни сме за важноста на она што го јадеме кога станува збор за нашето здравје.

Нашата исхрана може да има големо влијание врз ризикот од одредени состојби, вклучително и оние кои се потенцијално фатални.

Според едно истражување, консумирањето на сок од вишна може значително да го намали ризикот од мозочен или срцев удар, пишува Express.

Тоа е затоа што овој овошен пијалак е богат со здрави растителни соединенија наречени полифеноли кои го намалуваат крвниот притисок и холестеролот – штитат од кардиоваскуларни болести.

Наодите, објавени во списанието Nutrients, исто така покажуваат дека оние кои го консумирале пијалакот биле помалку склони кон воспаление и оксидативен стрес кои предизвикуваат сериозни болести.

Откриено е и дека сокот од вишни го намалува „лошиот холестерол“ за 11 проценти.

Во споредба со другите видови сокови и безалкохолни пијалоци, сокот од вишни може да биде и подобар доколку сакате да го избегнете дебелеењето.