Поврзете се со нас

Германија

Еден од ветераните во Борусија: Досега ме критикувавте, сега ќе мора да ме гледате во финале

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд оствари голем успех со пласманот во финалето на Лигата на шампионите, со што германскиот тим ќе има нов обид да стигне до својата втора титула во најпрестижното европско натпреварување.

Избраниците на Един Терзиќ преку ПСЖ изборија место на „Вембли“, а пласманот во финалето е големо признание и за најискусните играчи на Борусија, кои во минатото добиваа многу критики од германските медиуми и јавноста.

Меѓу нив е Емре Џан, кој мирно ги извршуваше обврските дадени од тренерот, а сега испрати порака и до дежурните критичари.

– Има навистина многу луѓе кои постојано зборуваат и тврдат дека не сум доволно добар за овој клуб.

– Сега нека замолчат и нека ме гледаат во финалето, – рекол емотивниот Џан.

Тој смета дека Борусија има солидни шанси во финалето.

– Секако дека веруваме во успех, самиот факт што не примивме гол во два дуели со ПСЖ е потврда дека поседуваме квалитет. Горд сум што сум капитен на оваа екипа, ова е резултат на напорна работа и ќе одиме на победа и во финалето, – вели искусниот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни