Спасувачите се жалат: не е проблем водата туку Русите кои не гаѓаат од другата страна

Спасувачите кои работат на украинската страна на реката Днепар известуваат дека работат под оган.

„Најголемиот проблем во моментов не е водата, туку Русите од другата страна на реката кои не гранатираат“, рече Ендрју Негрич, кој ги координира спасувачките напори за американската хуманитарна организација „Глобална мисија за зајакнување“.

Доцна синоќа новинарите на „Ројтерс“ слушнале четири артилериски удари во близина на станбена зона, од која биле евакуирани цивили поради поплавите предизвикани од уривањето на браната Нова Каховка.

Прорускиот градоначалник на блискиот град Нова Каховка, кој е под руска окупација, изјави дека по уништувањето на браната исчезнале најмалку седум лица, пренесува руската агенција Тас.

Засега не се пријавени жртви поврзани со поплавите, но советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека поплавите „веројатно предизвикале многу жртви“.

Текстот Спасувачите се жалат: не е проблем водата туку Русите кои не гаѓаат од другата страна е превземен од МАКФАКС.