Поврзете се со нас

АТП

Надал: Многу ми значи оваа победа, но…

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Рафаел Надал излезе како победник во дуелот со Алекс Де Минор во Мадрид, поточно успеа да му се реваншира на тенисерот од Австралија за поразот од Барселона.

Надал ја надмина караницата со судијата и режираше слатка одмазда против Де Минор (Видео)

Шпанецот важеше за аутсајдер според обложувалниците, меѓутоа Надал уште еднаш покажа дека не смее никогаш да се отпишува особено кога станува збор за турнири на земјена подлога. Рафа славеше со 7:6, 6:3 и за место во осминафиналето ќе се бори со Педро Качин од Аргентина.

-Потребно е време. Играв на добро ниво, но сепак тоа не е доволно. Задоволен сум, многу ми значи оваа победа. Атмосферата беше неверојатна. Немам доволно зборови за благодарност за навивачите, -рече Надал кој воошто не размислува за титула.

-Нема да одам предалеку. Имав многу проблеми во последните две години. Среќен сум што играм два турнири по ред. Ќе видиме до каде ќе одам. Одам чекор по чекор и ќе видиме што ќе се случи, -заклучи бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни