Лепа Лукиќ живее богато со три пензии – две српски и една канадска од илјада евра

4343

Со децении неофицијално важи за кралицата на народната песна на овие поранешни југословенски простори, а тоа е фолк-пејачката Лепа Лукиќ. Таа остана актуелна и слушана и кај нашата македонска публика, а особено со тие последните хитови: „Срце је моје виолина“, „Извини, али много ми је жао“, „Чај за двоје“…. но и оние претходните: “Не живи се хиљаду година“, „Што капију ниси драги затворио“, “Певам и тугујем“, „Ој, месече звездо сјајна“, „Сине мој“, „Радуј се животу“….

Лепа ја прогласиле и за некрунисаната кралица на комарот. Но кога новинарите ќе ја прашаат за таа нејзината страст,  пејачката речиси побудалува.                                 – Комарот нека никој не го интересира, тоа е моја приватна работа. Јас ќе ги трошам парите кај што сакам и ќе правам што сакам во мојот живот. Немам деца, но имам доволно пари кои не сакам да ги штедам.  Ќе ги трошам парите додека го живееме овој живот при здрав разум токму на комарот.

Црната дупка во земјата нема да ми избега, сите таму завршуваме, вели Лепа, и открива дека материјално е сосема добро обезбедена, дури со три пензии. Притоа не ги пресмета заработувачките од своите солистички концерти кои сè уште ги има на секаде од Триглав до Гевгелија, а најмногу во српската дијаспора.

– Пеам уште затоа што ми се пее. Дома не можам да седам и грав да варам. И ако сум поодамна во пензија. Мирна сум  имам три големи пензии! Доколку до сега не се снајдов за да го поминам остатокот од животот како дама, а не како некоја измеќарка, тогаш треба да се убијам. Пеам повеќе од 60 години, имам сосема доволно пари за да живеам безгрижно до крајот на животот. Не ми треба луксузот, ми требаaт само материјална и душевна сигурност. Да имам, да речам, да се лекувам доколку ми затребаат пари за здравјето. Другото имам сè!

Притоа 84-годишната Лепа открива дека има една национална пензија од 60.000 динари, другата од 90.000 динари и третата која и е од Канада од поранешниот сопруг, кој во меѓувреме е починат, а изнесува 1.000 евра. За ова во Србија, би кажале, „полна капа“!  Д.М.