Вести Свет

Орпо: ЕУ треба да и помогне на Финска да го спречи протокот на мигранти низ Русија

Европската унија треба да преземе мерки за да и помогне на Финска да го спречи протокот на мигранти преку Русија, изјави денеска финскиот премиер Петери Орпо.

„Подготвуваме сопствен закон, но ни требаат и мерки на ЕУ“, рече Орпо по посетата на границата на оваа нордиска земја со Русија заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Финска ја затвори границата со Русија минатата година поради зголемениот број пристигнувања на мигранти од различни земји, вклучувајќи ги Сирија и Сомалија, и ја обвини Москва дека ја користи миграцијата како оружје против неа и ЕУ, што Кремљ го негира.

По примерот на Полска и Литванија на нивните граници со Белорусија, финската Влада подготвува легислатива што ќе им овозможи на граничарите да ги блокираат барателите на азил да влезат во земјата од Русија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе