Поврзете се со нас

Италија

Тудор ги посочи приоритетите на Лацио до крајот на сезоната: Секој тренер мора…

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Игор Тудор официјално беше претставен како нов тренер на калчолигашот Лацио кој има една турбулентна, неконстатна сезона во која по неколку лоши резултати во серија Маурицио Сари одлучи да се повлече од функцијата прв човек на клупата на „бјанкочелестите“.

Клубот од Рим потоа експресно се договори со Тудор кој веќе почна да работи со екипата, меѓутоа денеска го имаше првото соочување со јавноста.

-Го почитувам Маурицио Сари, тој испиша историја со својот фудбал, па затоа претпочитам да не го коментирам минатото. Двајца напаѓачи може да бидат опција. Секој тренер мора да се прилагоди на силните страни на групата што ја има на располагање.

-Ќе видиме како ќе изгледа Лацио, морам да проценам. Јасно е дека тренерот избира играч врз основа на неговиот сопствен начин на игра. Ќе бидеме внимателни и ќе се обидеме брзо да ги направиме нашите проценки, а потоа можеби да се приспособиме на лето. Ама приоритети за следните неколку месеци се бодовите во лигата и купот, -порача Тудор.

-Во Италија има одлична работна култура. Сум работел во многу земји, но ниедна како овде. Нормално е дека играчите треба да бидат мотивирани. Тренинзите се напорни.Должината на договорот не ми е важна. Ако не работам добро, утре би можел да си одам дома. Живеам во сегашноста и за мојата работа. Ако се снајдам добро останувам, инаку продолжувам понатаму. Сè е важно, долгорочното планирање нема смисла. Верувам во работа, сакаме веднаш да почнеме силно. Сето тоа нема да дојде лесно веднаш, но тоа не значи дека и ние ќе треба да чекаме долго време.

-Сега нè очекува добра серија на тела, онака како што ми се допаѓа. На крајот, играчите се тие кои ја прават разликата. Гледам силен тим кој има по малку од се, можеме да бидеме добри, -додаде Хрватот кој во првите две средби на новата функција ќе се соочи со Јувентус, прво во Серија А, потоа и во Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни