Поврзете се со нас

Боречки спортови

Илиоски го реши Дузенли и стана светски кикбокс шампион во ВАКО ПРО

Објавено

на

foto:www.facebook.com/urkodejan.mitrovski

Македонскиот кикбоксер, Бобан Илиоски ја доби битката со Берк Дузенли и стана светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1 до 88,6 килограми.

Голема борба водеа Илиоски и Дузенли во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, беа разменети многу удари, двајцата имаа успешни акции, но нашиот ас воден и бодрен од публиката и навивачката група „Комити“ сепак го имаше последниот збор и успеа да слави над актуелен светски аматерски првак.

Илиоски славеше со 2-1 со одлуката на судиите, па со ова само продолжи да реди успеси на оваа спортска сцена.

Да не заборавиме Бобан беше прогласен и за спортист на годината за 2023 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни