Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: спортистите хумани, даруваа крв (фото)

-Голем број на спортисти во Битола покрај што дале огромни резултати во спортот тие се истакнале и како добри граѓани и големи хуманисти, кои не многупати дарувале крв за потребите на трансфузиологија на редовни и вонредни крводарителски акции, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Една од многуте крводарителски акции беше и акцијата во мај 2014 година која беше организирана во спортската сала, тогаш “Младост“, а во организација на секторот за спорт при Општина Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот крст, а во која крв даруваа професионалци, спортисти ветерани, спортски новинари и други граѓани, вели Миновски.-На крводарителската акција во мај 2014 се собраа 53 крвни единици од исто толку спортисти, а 8 спортисти првпат даруваа крв. Во акцијата се вклучија спортисти кои се активни во своите клубови, но и аматери, ветерани, спортски новинари и поддржувачи на спортот, меѓу кои ракометарите Александар Зарков, Игор Николовски и Иво Марковски, фудбалерите Неџат Хусеин и Сашо Петровски, Борче Костов и Мими Бајовски – моторџии, и други спортисти, како и Гордана Цветковска-Бошевска, одговорна во Секторот за спорт во Општината Битола.Акцијата беше поддржана од страна на сите спортисти, кои најавија дека и во иднина ќе бидат крводарители, а се надеваат дека нивната хуманост ќе биде мотив повеќе и за останатите гра ѓани на Битола, да бидат хумани крводарители.Спортистите беа едногласни дека секогаш кога е потребно се тука, да дадат крв во секое време, а рекоа дека се надеваат дека тоа нема да биде потребно.