Фудбал

Манчестер Јунајтед пред голем ремонт

Манчестер Јунајтед пред голем ремонт

Манчестер Јунајтед се подготвува за големи промени следното лето, а еден од тие кои може да заминат е и капитенот Бруно Фернандез.

Фернандез има договор до 30 јуни 2026 година, но „Телеграф“ објави дека Португалецот не е сигурен во неговата иднина на „Олд Трафорд“, а тоа го потврдува и изјавата на самиот фудбалер.

„Во моментов не размислувам за други работи. Не зависи само од мене. Ако сакате да бидам искрен, имам желба да победувам и да освојувам трофеи. Во моментов сум фокусиран на ФА-купот и Европското првенство, по кои ќе донесам конечна одлука“, кажа Фернандеш.

To top