Поврзете се со нас

Лига Европа

Пиоли објасни што му е потребно на Милан за да ја победи Рома

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан ќе мора да ја совлада Рома на вечерашниот меч на „Олимпико“ ако сака да се пласира во полуфиналето на Лига Европа.

„Росонерите“ го загубија првиот дуел со 1-0 и сега ќе мора да го возвратат ударот за да продолжат во наредната фаза, но тоа нема да биде лесна мисија затоа што противникот е во добра форма и игра на домашен терен пред своите гледачи.

Тренерот Стефано Пиоли е свесен за предизвикот и за тоа што го очекува, но верува во неговите момци.

-Тоа сигурно ќе биде натпревар на високо ниво. Мора да се грижиме за деталите повеќе од минатиот четврток. Му верувам на тимот.

-Тоа е работата. Ако добро се браниме, можеме да го добиеме натпреварот. Ова нокаут меч, но мора да уживаме во оваа вечер. Важно е да оставиме се на теренот, -порача Пиоли.

Средбата е закажана за 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни