Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Претставата „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ во сабота пред охриѓани

Охрид, 7. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – НУЦК „Григор Прличев“ и охридскиот Народен Театар испраќаат покана за охриѓани да ја проследат претставата „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски.

Играат: Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски. Репризата е во малата сала при охридскиот Центар за култура, во сабота, на 11-ти мај 2024 година, со почеток во 20:00 часот.

Карти во продажба на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“, по цена од 250 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука