Поврзете се со нас

Англија

Мартинез блескаше против „своите“, па испрати порака до Арсенал: Секогаш ќе го сакам тој клуб…

Објавено

на

Арсенал остана со празни раце во соочувањето со Астон Вила (2-0), пораз кој дефинитивно е многу болен затоа што доаѓа во фаза во кој едноставно се нема право на грешка особено кога е во прашање ситуацијата на клубот од Лондон кој води жестока битка за трофејот во Премиер лигата.

Бејли и Воткинс ги матираа „топчиите“ на „Емирејтс“, но важна улога во триумфот на гостите имаше и голманот Емилијано Мартинез кој имаше неколку добри интервенции со кои ги разочара домашните играчи и навивачи.

Аргентинецот е поранешен член на Арсенал и тоа не го заборава, па тој испрати една убава порака во кој долго време беше член, ама никогаш не доби вистинска шанса да биде број еден.

-Мислам дека овде бев 10-11 години. Сè уште имам пријатели. Дојдов како момче и заминав како маж. Секогаш ќе го сакам овој клуб. Тие се уште се втори, стигнаа далеку и имаат еден од најдобрите менаџери во светот. Јас сум работел со Микел [Артета], знам колку е добар, -истакна Емилијано.

Четата на Артета има два бода помалку од лидерот Сити, во следното коло му гостува на Вулверхемптон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни