Вести Македонија

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Со испраќање на порака за здружување на силите на патот кон Европската Унија, СДСМ вечерва го одржа завршниот митинг во Скопје пред изборите закажани за среда.
Лидерот на партијата Димитар Ковачевски пред присутните граѓани порача дека двојните избори на 8 мај се последниот повик за Европа и од тоа нема да се откажат.
„Исто како што не се откажавме изминативе седум години кога се соочивме со многу предизвици. Кога се боревме со сите кризи, со пандемијата, со инфлацијата, со енергетските проблеми! Знаете и самите дека имавме многу подеми и многу падови. Но, во ниту еден момент, ниту се откажавме, ниту се предадовме, ниту се повлековме. Бевме рамо до рамо со граѓаните“, изјави претседателот Ковачевски.
Ковачевски додава дека во време на СДСМ платите се зголемиле за 120%, а пензиите за 55%, со антикризни мерки во висина од над 2,6 милијарди евра и 2,5 повеќе странски директни инвестиции со подобри платени работни места.
„И ова не е мала работа. Многу поголеми и поразвиени земји од Македонија едвај излегуваа на крај со кризите, а ние единствени од цела Источна европа успеавме да го зголемиме животниот стандард на граѓаните. Тоа го потврди и реномиран виенски економски институт. И горди да бидете сите на тоа, затоа што сите вие дававте поддршка на тие политики кои ги водеше СДСМ, и коалиционите партнери од коалицијата за европска иднина. И бидете горди што покажавме на дело дека социјалдемократијата и СДСМ, беа оние кои ги заштитија граѓаните, кои буквално ја спасија земјата од колапс“, посочи Ковачевски.
 
Тој ги наведе зачленувањето во Обединетите Нации, добивањето на кандидатски статус на Македонија за влез во Европската Унија и зачленувањето во НАТО како тешки, но исправни одлуки што се донесени во време кога СДСМ била на власт и порача дека исто така СДСМ заедно со граѓаните, ќе ја внесе земјата и во ЕУ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе