Признание за пионерската улога на Македонија во првата контрола на робот со човечки мозочни сигнали во светот

Првата контрола на робот со човечки мозочни сигнали во светот се случила во Македонија во 1988 во просториите на Електротехничкиот факултет (денешен ФЕИТ).

Стево Божиновски и Михаил Шестаков од Електротехничкиот факултет, заедно со Лилјана Божиновска од Институтот за физиологија од Медицинскиот факултет во Скопје успеале да контролираат мобилен робот преку човечки мозочни сигнали.

Со тоа за првпат во светот создадоа врска меѓу две различни научни дисциплини – роботиката и неврофизиологијата. Ова откритие ја поставува основата на директната мозок – робот комуникација.

За големината и важноста на ова откритие говори и фактот што сличен резултат е добиен по вторпат дури 11 години подоцна, во 1999 во САД.

Во чест на ова значајно откритие и монументално постигнување на македонската наука, на 10 октомври 2023 ќе биде откриена спомен плоча во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Спомен плочата ја доделува ИЕЕЕ (Институт на електро и електронички инженери), најголемата светска организација на инженери.

Со Адријан Божиновски, професор на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје, автор од областа на управување на роботи преку сигнали од мозокот на човекот и член на Менса Македонија, веќе зборувавме за првите чекори на развојот на вештачката интелигенција и роботиката во Македонија.

Повеќе детали за настанот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *