Поврзете се со нас

Свет

Борко заврши одлична работа на голот, Лемго ја доби битката со Ерланген

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Борко Ристовски заврши одлична работа на голот на Лемго, односно имаше значајна улога во триумфот над Ерланген во Бундеслигата.

Домаќините го добија овој дуел со 34-27 и тоа во во средба во која го надиграа ривалот во двете полувремиња, првото со 17-16 и второто со 17-11. Ристовски беше активен 38 минути на теренот и успеа да запише 6 интервенции, поточно имаше 27.27 процентна успешност на одбранети удари.

Ова за Лемго беше четврти сезонски триумф со тоа што три од нив се откако Борко и се приклучи на екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни