Свештеник од Србија ден пред да загине во соораќајна несреќа објавил порака за смртта!

0
192

Немања Величковиќ (33), свештеник на Браничевската епархија, загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата во местото Ботуње кај Крагуевац. Се упокои на празникот Свети Јован Златоуст, кој е голем празник во неговиот крај, пишува српскиот портал „Курир.рс“.

Соседите, како што пренесува порталот, велат дека цело село е завиено во црно поради прерано згаснатиот живот на младиот човек.

„Нашиот Немања беше прекрасен свештеник, сопруг и татко. Ова е голема тага за нашето Витежево. Таков млад човек да замине. Селото ни е обвиено во црно. Се трудеше за црквата, го собра народот. Ние сè уште не можеме да веруваме дека никогаш повеќе нема да го видиме. Тој е од околината на Смедерево. Завршил Богословие, па Богословскиот факултет. Попадијата е во болница, а претходно имала здравствени проблеми“, вели соседот.

Она што ги шокираше мештаните е објавата на Немања на социјалната мрежа „Фејсбук“ пред сообраќајната несреќа во која загина. Ден пред трагедијата тој на својот профил објави текст со наслов „Што се случува после смртта?

„Како да почувствувал дека ќе се случи трагедија со овој статус. Тажно“, вели соседот.

Немања загинал на лице место во верижен судир. Во сообраќајната несреќа што се случи во неделата околу 18:50 часот учествувале повеќе возила.

 

 

 

kurir.rs