Веќе никој не верува дека Ливерпул има шанси за титулата во Премиер лигата (Видео)

По првиот натпревар од 35-тото коло во Премиер лигата, една работа е појасна, повеќе никој не верува дека Ливерпул има шанси за титулата откако денеска одигра 2:2 на гостувањето кај Вест хем.

Црвените се трети на табелата со 75 бода, два помалку од лидерот Арсенал кој има и натпревар помалку, и еден помалку од Манчестер сити кој пак има два меча помалку.
Натпреварот лошо започна за Ливерпул бидејќи по првото полувреме Вест хем имаше водство од 1:0 и тоа благодарение на голот на Џаред Боувен во 43-тата минута.

Црвените во второто полувреме направија пресврт до 65-тата минута, но не успеаја да го задржат водството до крајот. Прво на стартот од второто полувреме, Енди Робертсон израмни на 1:1, а во 65-тата минута Ливерпул поведе со 1:2.

По изведениот корнер, топката во шеснаесетникот дојде до Коди Гакпо кој шитураше, топката се одби од еден од играчите на Чеканите и заврши во мрежата.

Црвените не успеаја предноста да ја зачуваат до крајот бидејќи Мајкл Антонио во 77-та минута го совлада Алисон.

- Оглас -

Најнови вести