🎥Нешто опасно „смрди“ во Ливерпул: Погледнете ја караницата меѓу Клоп и Салах

од Nikola Popovski

По поразот од Евертон, Ливерпул попладнево ремизираше 2:2 на гости кај Вест Хем во 35. коло од Премиер лигата и со тоа најверојатно ги загуби сите шанси за титулата во прошталната сезона на Јирген Клоп.

Ливерпул сега е трет со бод помалку и два натпревари повеќе од Сити и два бода помалку и натпревар повеќе од актуелниот лидер Арсенал.

Германскиот стратег реши да ја внесе во игра најплатената ѕвезда на клубот, Мохамед Салах дури по израмнувачкиот гол на Вест Хем. Во моментот кога Египќанецот влегуваше во игра, двајцата имаа вербален конфликт.

Klopp and Salah Arguing on the touch line
byu/im-a-wreck-tangle inLiverpoolFC

Дискусијата била толку непријатна што во еден момент соиграчите мораа да реагираат и да ги разделат.

Слични содржини