Леброн Џејмс: За мене дресот на САД е се на светот!

Леброн Џејмс без размислување го прифати повикот на селекторот на САД да биде на располагање на репрезентацијата на Олимписките игри кои ова лето се одржуваат во Париз и каде Американците ќе го бранат златото од пред три години освоено во Токио.

„За мене дресот на САД е буквално се! Ќе биде ова за мене првпат по 12 години да играм за репрезентацијата. Имам преубави спомени од претходните настапи на Олимписките игри“ – вели Леброн.

А, нема Леброн да биде единствен претставник на ЛА Лејкерс на ЛОИ 2024. Со него ќе биде и Ентони Дејвис.

„Едвај чекам да заиграм во националниот дрес заедно со Ентони. Ќе ни биде исклучително забавно. Сакам да им се заблагодарам на Грент Хил и на Шон Форд што не одбраа мене и Дејвис. Да се оди во борба со остатокот од светот е навистина неверојатно чувство. Голем момент за сите нас“ – дополни Леброн.

САД во првиот натпревар од групната фаза на ЛОИ 2024 во Париз ќе игра против селекцијата на Србија, за која се уште не се знае дали ќе игра најдобриот светски кошаркар, Никола Јокиќ.

Се вчитува...