КУП: Воска има два гола предност пред „лавовите“, Тиквеш и Шкупи од „нула“

Утре се играат реваншите од полуфиналните натпревари во Купот на Македонија.

Во Ѓорче ќе се соочат Македонија ЃП и Воска Спорт, охриѓани на овој меч влегуваат со два гола предност, откако во Охрид славеа со 2:0 против „лавовите“. Ова е солидна и голема предност за охридскиот прволигаш.

Интересот за овој натпревар е голем, па од Македонија ЃП како домаќин на овој меч повикаа навивачите да бидат на стадион 30 минути пред почетокот на мечот.

Во Кавадарци се игра другиот полуфинален меч меѓу Тиквеш и Шкупи, но истиот ќе започне од нула, бидејќи на Чаир двете екипи ремизираа без голови играјќи 0:0.

Стадионот во Кавадарци ќе гори, како што објави ексклузивно телевизија М Нет, вчера за помалку од 3 часа биле продадени над 2.000 билети, дефинитивно на Градски ќе нема место, а се очекува меѓу 5.000 до 6.000 публика.

Александар Ванев, М-Нет