Втор пораз на Интер сезонава во Серија А, двата се од Сасуоло!

Сасуоло го победи Интер со 1-0, и освои важни бодови во борбата за опстанок во Серија А.

Интер кој ја осигура титулата, сезонава во првенството има само два порази, а и двата му се од Сасуоло, тим кој е претпоследен на табелата. На Сасуоло му лежи Интер, имаат дури 10 победи против Нераѕурите, против ниту еден друг клуб немаат толку многу победи. И во сезоната 2017/2018 како и во оваа, Сасуоло успеа двапати да го совлада Интер.

Ако може да се најде нешто позитивно во денешниот пораз на Интер, тоа е враќањето на Хуан Квадрадо кој заигра првпат после пет месеци пауза.

- Оглас -

Најнови вести