еМагазин
Image default
Локално

На ски-центарот „Стрежево“ ќе се гради систем за вештачки снег

Јавното претпријатие Стрежево доби градежна дозвола за изградба на систем за вештачки снег на патеката на Ски – центарот во Нижеполе.

„За првпат во 50 години на убавиот Пелистер, граѓаните ќе добијат модерен, современ скијачки центар со вештачки снег и ноќно скијање, впрочем така единствено му доликува на Битола, битолчани и на сите посетители на бисерот на Баба планина.

По набавката на механизација за потребите на претпријатието, рехабилитацијата на 10.000 метри цевководна мрежа, изградбата на прва фотоволтаична централа и низ други значајни проекти, заокружуваме со изработка на проект и добивање на градежна дозвола за изградба на систем за заснежување во Нижеполе.

Финансиската конструкција за овој проект може да се затвори целосно со партнерство помеѓу ЈП Стрежево од една страна, како и централната власт и локалната самоуправа од друга страна, а сѐ со цел современата опрема за заснежување и правење на вештачки снег да биде поставена така што уште следната сезона ќе може граѓаните да скијаат и на вештачки снег,“ велат од претпријатието.

Фото: Фејсбук/Стрежево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневен случај: Приведена девојка од Гевгелија поради напад на полицајка

Редакција

Кривична пријава за силување на малолетничка

Редакција

Прва венчавка во Кочани по пауза од два месеци поради вонредната состојба за корона вирусот

Редакција