Вучиќ со африканските земји во Њујорк: Усвојувањето на резолуцијата би довело до дестабилизација на регионот, би создало јаз и недоверба

716

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Њујорк разговараше со претставници на земјите-членки на ОН од Африканската група за нацрт-резолуцијата „Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница“.

– На претставниците на земјите членки на ОН од Африканската група им го објаснив ставот на Република Србија во однос на нацрт-резолуцијата за Сребреница.

– Укажав дека нашата земја континуирано и доследно го осудува злосторството во Сребреница и ги потсетив соговорниците дека во 2010 година Народното собрание на Србија донесе декларација со која го осудува злосторството.

– Усвојувањето на ваква нацрт-резолуција би довело до дестабилизација на регионот, недоверба во ОН, продлабочување на јазот меѓу народите и создавање нови тензии на Западен Балкан.

– Им се заблагодарив на претставниците на земјите-членки на ОН од Африканската група за нивното традиционално пријателство и почитување на територијалниот интегритет на Република Србија и истакнав дека нашата земја, како наследник на Југославија и основач на Движењето на неврзаните, се гордее со своето наследство, но и со зајакнувањето на врските со слободарските држави на африканскиот континент, кои, како и ние, во ОН гледаат гарант за мирот и правниот поредок во светот.