Нанесен втор асфалтен слој на улицата Корушка, променета водоводна и канализациона мрежа

Нанесен е вториот асфалтен слој на улицата Коруша која се наоѓа во Горно Маало, во Штип изјави од лице место градоначалникот, Иван Јорданов. За комплетна реконструкција на оваа улица потребни околку два милиони денари, пари издвоени од Буџетот на општината. Претходно на оваа улица се работеше на промена на водовдната и канализациона мрежа, како и поставување на прв асфалтен слој.

„Во изминатите денови се нанесе првиот асфалтен слој , а денес ќе се работи на вториот асфалтен слој со тоа ќе се заврши целата реконструкција на оваа улица. Нешто повеќе од 2 милиони денари се употребени за вкупната реконструкција на оваа улица со водовод и канализација и асфалтирање на улица Корушка која се наоѓа во Горно маало централно градско подрачје“ изјави Јорданов

Од низата активности кои треба да се реализираат посочи дека следува реконсктруција на уште неколку улици во Горно Маало, како и замена на подзмената инфракструктура на улицата Иво Лола Рибар, и асфалтирање на улицата коа води до Стар Конак.

„Во следните месеци, недели пред се централното градско подрачје, заборавените улици во Горно маало ќе бидат реконструирани , како што и претходо имам најавено улицата Иво Лола Рибар ќе биде реконструирана со промена на подземната инфраструктура а подоцна и асфалтирање улицата која води кон Стар Конак„ посочи Јорданов

Јорданов посочи дека во следниот период ќе има голем број на реализирани проекти на повеќе локации во градот Штип.

Лаура Стојанова М-Нет