ЦЕЛОСЕН ХАОС ВО ДЕНВЕР: Братот на Никола Јокиќ удрил навивач со бокс во главата ВИДЕО

На натпреварот помеѓу Денвер и Лос Анџелес Лејкерс имаше гужва на трибините.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледаат браќата на Никола Јокиќ како влегуваат во клинч со еден од навивачите. Не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму беше и семејството на Јокиќ.

Во еден момент Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, прво се обидел да го шутне, а потоа го удрил во брадата.

Другиот брат на Јокиќ Немања веднаш интервенирал за да го смири Страхиња, а таму биле сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound – Christian