Се реконструира водоводната мрежа во Љубанци

57

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП „Водовод и канализација“, извршиле увид во градежните активности за реконструкцијата на водоводната мрежа во населеното место Љубанци во општина Бутел, соопшти денеска прес – службата на Град Скопје.

Во Љубанци се одвиваат градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа.

Од Град Скопје соопштија дека станува збор за санирање на водоводната мрежа на улицата „1“ во Љубанци, со нови приклучоци на градската водоводна мрежа.

-Со реализацијата на овој инфраструктурен проект, жителите добиваат поквалитетно водоснабдување. Градот Скопје континуирано работи на мрежата за водоснабдувањето согласно предвидените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на предизвиците и реализација на барањата на граѓаните во делот на подземната инфраструктура се важен сегмент – се наведува во соопштението на градските власти.