Повторно се тресе Турција, земјотрес со јачина од 4,3 степени

од Nikola Popovski

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди северозападната провинција Дузче во Турција, на околу 200 километри од Истанбул.

Земјотресот се случил во 6 часот и 57 минути по локално време на длабочина од 9,52 километри, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Засега нема информации за повредени.

Најмалку 93 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди областа во средата.

Слични содржини