Николовски: Крива Паланка е пример што значи да се работи за прогресивна европска иднина во родната земја

-Европските стандарди нам ни се потребни, затоа што значат квалитет на живот. Европските стандарди значат перспективи за нашите млади луѓе во сопствената држава, потребни за да учат, растат, работат, живеат, напредуваат меѓу своите блиски, семејството, пријателите, другарите, саканите. Но и тие ѝ се потребни на државата, како моторна сила на развојот на Македонија. Затоа, нема откажување од европската иднина, потенцира вечерва од Крива Паланка, коносителот во Изборната единица 3, Љупчо Николовски.
437106130_966066048220565_5725370282836497211_n
– Со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и со нашиот претседател Стево Пендаровски, пред сите нас е шансата за четири години да ги завршиме преговорите со Европската Унија и до 2030 година да станеме полноправна членка на Европската Унија, како што од изолирана држава, со фокус кон перспективите, успеавме да станеме полноправна, почитувана и доверлива членка во НАТО, додаде тој.
437498693_966065908220579_1125928791196001687_n
-На чекор сме до тридеценискиот европски сон и затоа – нема откажување од европската иднина. Тука сме да ви ветиме дека ќе работиме уште повеќе, уште пофокусирано, поодлучно, европската иднина да стане реалност во следниот четиригодишен мандат. Ја бараме довербата да продолжиме по европскиот пат. СДСМ, ние, кои имаме визија и план за натамошно унапредување на животниот стандард во европски стандард, да ја формираме и следната проевропска Влада и да ја осигураме европската иднина во и на нашата држава и на нашите граѓани, заклучи Николовски.
438096179_966052731555230_3502503816885323030_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e