Додека сите се прашуваат зошто се раздели со тренерот Горан Иванишевиќ, Новак Ѓоковиќ се фотографира со поранешната црногорска тенисерка, Тамара Бојаниќ, која сега е една од најпознатите Балканки на страницата за возрасни „Only fans“.

  • Мојот сосед е подобар од твојот – напиша Бојаниќ на фотографијата на која е со српскиот ас.

Во својата кариера, таа настапуваше и за Фед куп-репрезентацијата на Црна Гора, а, преку разни ИТФ-турнири и натпревари на пониско ниво, се трудеше да изгради кариера, во што, за жал, не успеа. Набрзо потоа влезе во манекенските води, а потоа реши да се појави на платформата за возрасни, каде што споделува провокативни фотографии, при што и добро заработува.

На Инстаграм има над 350.000 следачи, а сега може да се пофали со фотографија со најголемата ѕвезда досега. Што се однесува до тенисот, таа стигна до 1 021. место на ВТА-листата и до 1 153. позиција во двојки.

Инаку, Ѓоковиќ е главна тема изминативе неколку дена, во светот на спортот, по разделбата со тренерот Горан Иванишевиќ, со кого соработуваше речиси шест години, од 2018. Сега чекаме да видиме со кого ќе соработува Србинот во иднина.

На последните тренинзи, кои ги одработува во Белград, заедно со него е Ненад Зимониќ, поранешен играч во двојки и селектор на Дејвис куп- репрезентацијата на Србија.

  • Ѓоковиќ, по отказот на Иванишевиќ, носи одлука што ќе шокира многумина кога е тренерот во прашање – пишува „Телеграф“ и открива дека најдобриот светски тенисер ќе остане без тренер во остатокот од сезоната.

Претходно, Ѓоковиќ беше без тренер, по разделбата со Борис Бекер. Во еден момент, улогата на тренер ја имаше неговиот брат, Марко. Голем проблем за Ѓоковиќ е ситуацијата на „пазарот“ на тренери, бидејќи сите најголеми имиња веќе имаат договори со тенисерите од врвот.