Каде и кога настанал знакот „СТОП“?

Дури во 1968 година, Виенската конвенција за патни знаци ја утврди октагоналната форма како меѓународен стандард.

Знакот „стоп“ е секако еден од најпрепознатливите на патиштата – и со право, бидејќи е сообраќаен знак од исклучителна важност. Октогоналниот знак потекнува од Соединетите Американски Држави, каде што е воведен во 1920-тите, пишува ХАК магазинот.

Тогаш се испробуваа разни облици на сообраќајни знаци. За победничко решение беше избран октагонот бидејќи јасно се разликуваше од другите знаци и беше забележлив дури и при слаба видливост.


Дури во 1968 година, Виенската конвенција за патни знаци ја утврди октагоналната форма како меѓународен стандард, и оттогаш таа стана стандард и во Европа.

Дотогаш на европските патишта се користеа различни решенија, како триаголникот за застанување, кои не беа толку ефикасни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни