Поврзете се со нас

Англија

Нови проблеми за Италијанецот: Тонали се обложувал и како играч на Њукасл, му се заканува дополнителна суспензија!

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Сандро Тонали веќе некое време е надвор од фудбалските терени, а причината за тоа е казната која ја одработува поради обложување на фудбалски натпревари додека играше во Италија.

Тој беше казнет од Италијанската фудбалска федерација, казна која на барање на ФИГС потоа се пренесе низ целиот свет со помош на ФИФА и токму поради тоа во моментов не настапува за премиерлигашот Њукасл.

Меѓутоа играчот за врска може да се соочи со дополнителни проблеми затоа што денеска ФА го обвини за прекршување на правилата за обложување, поточно тој во периодот од 12 август до 12 октомври направи 50 прекршоци. Сандро направил 50 обложувања во овој период како член на Њукасл и тоа може да му донесе нова санкција.

За овие обвинувања треба да одговори до 5 април, а според „Газета Дело Спорт“ можни се две сценарија, ФА да не го санкционира дополнително и казната да му биде заедно со тоа што сега го одработува, а другата опција е неговиот кам-бек во август да биде одложен и да остане без фудбал уште некое време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни