СОСТАВИ „ЕЛ-КЛАСИКО“: Анчелоти со само еден стопер ќе истрча на „Сантијаго Бернабеу“

За нешто помалку од еден час во натпревар од 32. коло на шпанската Ла Лига, Реал Мадрид ја пречекува Барселона во едно од најголемите светски дербија.

Двајцата тренери ги одбраа стартните 11 со кои ќе истрчаат на „Сантијаго Бернабеу“. Италијанскиот стручњак во дефанзивата има само еден вистински стопер, а тоа е Рудигер, додека Чави се реши за подефанзивна формација.

РЕАЛ МАДРИД – БАРСЕЛОНА

РЕАЛ МАДРИД: Лунин; Васкез, Рудигер, Чуамени, Камавинга; Модриќ, Крос, Валверде; Белингем; Винициус, Родриго

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген; Кунде, Араухо, Кубарси; Кансело, Де Јонг, Гундоган, Кристенсен; Рафиња, Јамал, Левандовски

Се вчитува...