На барање на премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за финансии ја донело одлуката за стопирање на исплатата на парите од ИПАРД. Причината, била да се истражат сите злоупотреби бидејќи има сомнежи дека не се случувале само сега туку и претходно. На прашањето дали ЕУ ги блокира парите од ИПАРД, премиерот вели дека не се блокирани туку напротив, акцијата е поздравена како позитивна од страна на Европската комисија. „Да, јас тоа го побарав ...

Секој што ги злоупотребил парите од ИПАРД програмата ќе одговара – од прв до последен. Ова е ставот на премиерот откако државата времено ја прекина исплатата на парите од европските фондови, додека трае истрагата за корупцијата во платежната Агенција. Одлуката ја поздрави Европската Унија. Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат парите за да се види до каде оделе злоупотребите. Исплатите од ИПАРД не може да ги стопира премиерот, тоа е ...