Постигнат договор: Арне Слот е дефинитивно наследникот на Јирген Клоп во Ливерпул!

Арне Слот ќе биде нов менаџер на Ливерпул откако „црвените“, како што пренесоа поголемиот дел од островските медиуми, успеаја да се договорат со Феенорд за трансфер на Холанѓанецот.

Слот има договор со Феенорд до 2026 година, тимот од Ротердам не сакаше да го ослободи без соодветна отштета, но според пренесувањата на медиумите веќе е постигнат договор со кој холандскиот тренер ќе може да го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул.

Веста за договор меѓу двата клуба ја потврди и Фабрицио Романо. Според информациите од Холандија, Феенорд за да го ослободи Слот ќе добие меѓу 13 и 15 милиони евра.

За 45-годишниот Арне, премиерлигашот Ливерпул ќе биде четврти клуб во неговата тренерска кариера, а прв надвор од Холандија.

Се вчитува...