СИПРИ: Глобалните трошоци за војската пораснаа за 6,8 отсто, на вкупно 2.443 милијарди долари


Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ) во денеска објавен извештај наведува дека глобалните трошоци за одбрана во 2023 година изнесувале 2.


443 милијарди, што е за 6,8 отсто повеќе во однос на 2022 година.


 За своите армии најмногу потрошиле САД (916 милијарди долари), Кина (296), Русија (109), Индија (83,6), Саудиска Арабија (75,8), Велика Британија (74,9), Германија (66) Украина (64,8), Франција (61,3) и Јапонија (50,2).

 Во извештајот се потенцира дека ова е највисоко годишно зголемување на глобалните трошоци за одбрана од 2009 година, а истражувачот на СИПРИ, Нан Тиан, трендот го оцени како „невиден пораст како директен одговор на глобалното влошување на мирот и безбедноста“.


Тој додаде дека „државите ја приоратизираат воената сила“, но дека ризикуваат да предизвикаат „спирала на акција и реакција“ и трошење за одбраната.

 Украина, со своите трошоци и 35 милијарди помош што ја доби за одбрана, потроши 91 отсто од вкупните трошоци на Русија.  Во 2023 година НАТО потроши 1.


341 милијарди долари за одбрана, што е 55 отсто од глобалните трошоци.

Од вкупните трошоци на НАТО, САД издвоиле 68 отсто, европските земји 28 отсто, што е нивна највисока распределба во последните десет години, а останатите четири отсто ги издвоиле Канада и Турција.


 „За европските земји на НАТО, последните две години од војната во Украина фундаментално го променија погледот на безбедноста“, наведе истражувачот на СИПРИ, Лоренцо Скаркато.

 Тоа се одразува и со фактот што 11 членки на НАТО ја постигнуваат целта да издвојат два отсто од БДП за одбраната, додека во 2014 година тоа беше случај само во седум земји.

 Буџетот за одбрана на Кина е зголемен за шест отсто во споредба со 2022 година, што, според анализата на СИПРИ, ги поттикнало и нејзините соседни земји да издвојат повеќе.

Така, Тајван и Јапонија издвоиле 11 отсто повеќе за армијата отколку во 2022 година.

 Најголема распределба во последните 10 години се случи и во регионот на Блискиот Исток, со раст од девет отсто, на 200 милијарди.

Трошоците на Израел за војската се зголемија за 24 отсто, на 27,5 милијарди.

 Трошоците во Централна Америка и Карибите во 2023 година биле за 54 отсто повисоки отколку во 2014 година, а СИПРИ наведува дека главната причина за тоа зголемено издвојување за војската е борбата против организираниот криминал.

 Највисок пораст во светот има Демократска Република Конго со 105 отсто, а потоа следи Судан со пораст од 78 отсто. сд/ .

Извор: МИА