7.8 C
Скопје
29. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Овие намирници многумина ги сметаат за „поздрави“ и можат да ве натераат да се здебелите

Љубителите на фитнес сакаат смути и протеински пијалоци. Иако се многу хранливи, некои од овие пијалоци содржат и „скриени“ калории и шеќери.

Некои смути може да содржат и до 400 калории. Јогуртот е здрав оброк и помага во смирување на желудникот. Сепак, некои јогурти не содржат живи и активни култури. Кога маснотиите се отстрануваат од јогуртот за да се намали количината на калории, се додава шеќер за да се подобри вкусот.

Сувото овошје е богато со влакна, витамини и други есенцијални хранливи материи. Сепак, сувото овошје содржи повеќе шеќер и калории од свежото овошје. Некои од диеталните намирници содржат конзерванси, нездрави масти и вештачки засладувачи кои не се добри за здравјето.

Ако пиете диетални сокови, особено во големи количини со надеж дека ќе изгубите некој килограм, се лажете. Можете да ставите неколку килограми, а овие пијалоци можат да го зголемат и крвниот притисок и да влијаат на цревните бактерии.

Мислевте дека е поздрава опција да консумирате вештачки засладувач наместо шеќер? Иако можеби ги сметате за здрави, тие можат да придонесат за зголемување на телесната тежина. За да ги намалите килограмите, добро е да го намалите внесот на шеќер, вклучително и здрави шеќери.

Спонзорирано: