Вести Македонија

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

На бранот на пораките од резултатите од првиот изборен круг за претседателските избори, продолжува кампањата за парламентарните, додека финалето на претседателската трка очекувано останува во нивна сенка. Иако навидум работите може само малку да се сменат, или ако резултатите од претседателските се пресликаат и на парламентарните, би можеле само малку да се видоизменат, но не и драстично. Работата ни оддалеку не е завршена, ниту околу бројот на гласачките ливчиња што ќе се бројат на 8 Мај вечерта, ниту за она што следува ден потоа како постизборен политички инженеринг. Двата албански блока, концентрирани околу коалициите Европски фронт и Вреди фокусот го насочуваат токму кон парламентарните избори.

Вреди веќе доби покана од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште вечерта на 24 април, но оттаму ги повторија нивните црвени линии, не само за формирање на евентуална влада со ВМРО-ДПМНЕ, туку со било кого.

Нормално е да постои и да има комуникација со сите политички субјекти кои што функционираат во државата и кои што се конкурентни. Јас кажав, во моментов ние сме фокусирани кон резултатите на 8 мај, ние сме во моментов политичка партија која има доминатно албански гасови. Ќе го видиме резултатот, односно земјотресот на 8 мај и врз основа на тоа ќе преговараме со било кој што ќе биде мандатар. И врз основа на тоа ние имаме свои граници, односно црвени линии кои што се однесуваат за учество во било која влада. Едната е да се укине формулацијата 20 посто за јазикот и уставните промени кои што во моментов се кочница за интеграција на земјата во ЕУ, порача шефот на изборниот штаб на Таравари, Башким Бакиу во вечерашната Топ Тема.

Тоа наиде на потсмев од Крешник Бектеши, кој ја обвини албанската опозиција дека по првиот круг на претседателските избори започнала да му се додворува на ВМРО-ДПМНЕ, напуштајќи ја претходната реторика.

Кажа две црвени линии, не ја кажа третата, дали уште стојат на црвената линија дека треба да се избира претседател на државата во Собрание. Второ, дали пред формирање на влада е црвена линија да се направат уставните измени. Третата најважна, што мене ми е мило во однос на ДУИ и Европскиот фронт, но ми е жал за Вреди, мене не ми е страв да зборувам за лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ со кои ние не се согласуваме, и на СДСМ, и на Вреди и граѓаните ќе оценат кој е во право. ДУИ, Европскиот фронт, има коалиција со граѓаните, ќе го почитува целосно тоа што ќе го кажат граѓаните преку изборните кутии на 8 мај, рече Бектеши.

Според него, Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени.

Еден глас ДУИ да има помалку, ДУИ нема ни да преговара да им ги наруши позициите на Вреди, нема ни да влезе на преговори, ако се тие што го добиле легитимитетот на албанскиот блок. Но, тие се автономна политичка партија, коалиција, ние одиме во коалиција со граѓаните, до 8 мај директно ќе работиме со граѓаните и тие ќе одлучат, рече Бектеши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе