Денес роденден слави актерката Александра Павлова

Александра Павлова е родена на 9 април 1987 година во Скопје. Основното и средното образование ги завршила во својот роден град, Скопје, додека за високото образование Павлова се преселила во Болоња, Италија, каде што студирала на драмскиот факултет на државниот Универзитет. Магистрирала во 2011 година во класата на науки за уметнички претстави (театар, филм и музика). Работи во Драмски театар Скопје од 2012 година.

Како стипендист на програмата Overseas, учебната 2009/10 година од своите постдипломски студии, ја поминала во САД, на Висконскиот универзитет во Медисон, на одделот за филм и мултимедијална продукција.


По своето враќање во Македонија, Павлова е вработена во Драмскиот театар и досега има играно во претставите: Македонска крвава свадба, Архелаос или Еврипис се враќа на Балканот, Солунски Патрдии, Кавкаски круг со креда и други.

Среќен роденден Александра ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …