Kомпанијата “Дрекслмајер” Македонија донираше специјално современо возило за општина Прилеп (ФОТО)

Општина Прилеп ја доби донацијата на ново специјално возило, кое го обезбеди компанијата “Дрекслмајер” Македонија.

Возилото е опремено со автоматска рампа за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со посебни потреби.

Специјалното возило ќе биде на располагање за потребите на сите лица и здруженија за лица со посебни потреби од општина Прилеп, а општината ќе се грижи за неговото тековно одржување и сервисирање.

Градоначалникот Борче Јовчески изрази благодарност до Дрекслмајер затоа што компанијата во континуитет поддржува бројни проекти кои се особено значајни за развојот на заедницата.

„Социјалните проекти се од особено значење за лицата со посебни потреби, но и за нашата локална заедница. Би сакал да се заблагодарам за овој убав гест од страна на Дрекслмајер преку кој заеднички ќе успееме барем малку да им го олесниме секојдневието на овие наши сограѓани“, рече Јовчески.

„Можноста да создадеме подобри услови за лицата со телесен инвалидитет, подобрена социјална инклузија и да придонесеме за подбрување на квалитетот на животот на оваа ранлива категорија граѓани нѐ прави особено среќни. Важно е заеднички да делуваме и уште повеќе да ја развиеме свеста за потребите и предизвиците со кои овие лица се соочуват“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.