Се појави видео од безбедносната камера на куќа во близина на местото каде што малата Данка исчезна

На социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде вчера околу 13 часот и 45 минути исчезна Данка Илиќ (2). На видеото се гледа автомобил кој брзо поминува околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.

Засега не се знае дали возачот на автомобилот има информации за исчезнувањето на девојчето, или дали го видел девојчето, со оглед на тоа што времето на нејзиното исчезнување и поминувањето на возилото се различни.

Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка, пишуваат медиумите.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна вчера околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор, а во потрагата по девојчето беа вклучени сите дежурни служби на полицијата, а системот „Најди ме“ е активиран за првпат  во Србија.

Текстот Се појави видео од безбедносната камера на куќа во близина на местото каде што малата Данка исчезна е превземен од МАКФАКС.