ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Низ ТИРЗ Скопје никнуваат табли: „Бараме работници!“

Низ ТИРЗ Скопје никнуваат табли: „Бараме работници!“

Ако поминете покрај Технолошко-индустриската развојна зона Скопје, ќе забележите големи табли на кои пишува – „Бараме работници“. Пред неколку години, над 1.000 граѓани конкурираа за 100 вработувања во оваа област, па дури младите бараа и врски за интервју. Сега фирмите се тие кои бараат работници и ги намалуваат критериумите за вработување. Но, повторно ќе бидат потребни повеќе од 4 илјади работници за 3 години.

Од Агенцијата за вработување велат дека има активни баратели на работа од сите профили. Сепак, од оваа институција велат дека е длабок јазот меѓу огласите за работа и оние кои бараат работа.

„Во системот на Агенцијата за вработување до крајот на октомври како невработени се јавуваат 160.566 граѓани, од кои 113.893 се активни баратели на работа во субјектите за вработување, додека 46.673 се пасивни баратели на работа. Од друга страна, на целиот пазар на труд, од сите профили, во Македонија се достапни 9.045 работни места“, велат од Агенција за вработување.

Во сите технолошки индустриските развојни зони во земјава има 16.100 вработени. Само годинава низ фабриките се вработиле околу 2.000 лица. Трендот е зголемен бидејќи извозот за првите 10 месеци од годинава и целата минатата година ги надмина очекувањата на фирмите. Но, според официјалните податоци, дел од вработените остануваат на минимална плата и за да стигнат до повисоки примања, работат дополнителни часови и дежурство./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button