Медведев: Русија не се ограничува кога одговара на напад

Русија не се ограничува кога одговара на напад на нејзината територија, предупреди во саботата поранешниот руски претседател и премиер, Дмитриј Медведев зборувајќи за условите во кои Москва би ги користела оружјата коишто досега не ги употреби во војната во Украина.

„Нашиот одговор може да биде секаков. Претседателот на Русија (Владимир Путин) сосема јасно зборуваше за тоа. Не си поставуваме себеси никакви ограничувања, во зависност од карактерот на заканите, подготвени сме да ги употребиме сите видови оружје“, објави на апликацијата Telegram Медведев објавувајќи дел од своите одговори во интервју.

Заменикот на претседателот на рускиот Совет за безбедност потсети дека таквите дејствија се во согласност со руските доктрини, вклучително и Основите за нуклеарно одвраќање.

„Можам да ве уверам: одговорот ќе биде брз, жесток и уверлив“, додава Медведев.

Оцени дека е погрешно мислењето кое преовладува кај западните политичари кои веруваат дека испораките на офанзивни оружја на Украина за напади врз руската територија ќе придонесе за дипломатско решение на војната.

„Резултатот ќе биде токму спротивното. Нема да има преговори во таков случај – ќе има само возвратни удари. Цела Украина која ќе остане под власта на Киев ќе гори“, предупредува Медведев.

САД во петокот објавија пакет во износ на дополнителни 2,2 милијарди долари воена помош за Украина, кој вклучува и противракетни системи, повеќецевни лансирни системи со долг дострел HIMARS и скапите проектили GLSDB со долг дострел до 130 километри. Пентагон притоа прецизираше дека Вашингтон на власта во Киев ѝ ја остава слободата да решава дали ќе го користи тоа оружје за напади врз црноморскиот полуостров Крим кој во март 2014 со референдум на тамошното мнозински руско населени се врати во составот на Русија од која е предаден со декрет на советските власти во составот на Украина во 1950-те годни/.

Претходно седмицава агенцијата Bloomberg објави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден прави остар пресврт во својата стратегија за војната во Украина со цел што поскоро Русија да биде принудена да седне на преговарачка маса, иако токму власта во Киев одбива какви и да се преговори со Москва тврдејќи дека тие ќе се случат кога руските војски ќе бидат истисната или повлечени на границите од пред 2014 година.

Како што пишува политичкиот коментатор Хал Брендс, конфликтот во Украина во нова фаза, а американската страна претрпува значајни промени но сега не со цел да се победи Русија туку претседателот Владимир Путин да се присили да седне на преговарачката маса, надевајќи се дека тоа ќе донесе евентуална дипломатска резолуција – стратегија „ескалација до деескалација“ што може да се покаже многу тешко остварлива. Според него, администрацијата на претседателот Бајден во последниот период ја зголемува воената поддршка за Украина надевајќи се дека на тој начин ќе се дојде до крајно дипломатско решение за конфликтот, но сега сѐ помалку стравува од ескалација на борбените дејствија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.