Мицкоски: Пендаровски e приврзок на ДУИ и Ахмети – ниту еднаш не ги искритикува за било што

39

„Денес одбројувам уште еден неславен јубилеј. Поминаа буквално 14 дена од изборната кампања, а Стево Пендаровски ниту еднаш не го нападна или искритикува ДУИ и Ахмети за било што. Тоа значи дека е приврзок на ДУИ, нивен втор кандидат за претседател. Граѓаните тоа жестоко ќе го казнат на изборите, најпрвин на 24-ти април, а потоа и на 8-ми мај“, рече Мицкоски од Велес.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ испрати апел до македонските граѓани, масовно да се излезе на гласање затоа што овие избори ќе се одлучат уште во првиот круг на 24 април со тоа што својот глас ќе го дадат за професорката Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ која што претставува движечка сила на промени.