Во Гостивар се гласа во импровизиран штаб во гаража, во Сарај членови на албанска партија вршат притисок пред гласачките места!

Во Гостивар пред Основното училиште „Гоце Делчев“ каде што во моментов тече гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори, има импровизиран штаб на една од најголемите владејачки албански партии во кои има нејзини членови.

Станува збор за гаража на која од направените фотографиите се гледа дека стојат членови на политичка партија, кои или евидентираат или вршат притисок на нивните гласачи.

Слична е и ситуацијата во Сарај и во Рашче каде пред училиштата има припадници на истата оваа партија кои вршат притисок за кого да се гласа.