Русија повикува: Да гласаме за прием на Палестина во Обединетите нации

Од:

Русија ги повикува сите членки на Советот за безбедност на ОН (СБ) да гласаат за нацрт-резолуцијата за прифаќање на Палестина за полноправна членка на таа светска организација, изјави постојаниот претставник на Руската Федерација во Обединетите нации, Василиј Небензја.

„Најмалку што можеме да направиме сега и на што не обврзуваат сите морални императиви е да го исполниме барањето на Палестина да се приклучи во редовите на членките на ОН. Ги повикуваме сите членки на Советот за безбедност да гласаат за соодветната нацрт-резолуција предложена од Алжир во име на арапската група“, рече Небензја на состанокот на Советот за безбедност.

Тој нагласи дека Русија во многу блиска иднина ќе се врати на прашањето за санкциите против Израел поради непочитување на резолуцијата 2728 на Советот за безбедност на ОН, со која се бара прекин на огнот во Газа за време на Рамазан.

Небензја укажа на „суштинската важност на прекинот на огнот во согласност со резолуцијата 2728, поради чие непочитување Советот има право да воведе санкции за прекршителите и саботери на нивните одлуки“.

Би можело да ве интересира

Небензја: САД, Велика Британија и сојузниците ја прекршија резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со нападите врз Јемен

Горан Наумовски

Русија во ОН: Итно прекинување на насилството врз цивилите на Блискиот Исток