Connect with us

Фудбал

Историска победа на Челзи, до врв го наполни противникот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи убедливо го победија Вест Хем со резултат 5:0 (3:0) во натпреварот од 35. коло на Премиер лигата.

Еден од подобрите настапи на Челзи оваа сезона. Еден од покомплетните. Осоколени по триумфот над Тотенхем, избраниците на Маурисио Покетино го разнесоа Вест Хем во првото полувреме и тоа за 20-тина минути.

По првите 15 минути не се виде преголема возбуда, а потоа и рапсодија и налет на Челзи од кои Вест Хем не можеше да се одбрани. Кол Палмер продолжи да игра феноменално, одличен беше и Конор Галагер, кој погоди за 2:0 во 30. минута и пропушти уште една стопроцентна шанса. Нони Мадуке исто така беше расположен и беше награден со гол во 36. минута Шансите постојано доаѓаа, гостите имаа неколку и преку Џаред Боуен, но тоа не беше доволно да го запре маршот на Челзи.

На почетокот на вториот дел, Мадуек беше несебичен асистирајќи му на Николас Џексон, потоа Челзи го намали темпото, а во финишот Џексон за влакно избегна офсајд и искористи асистенција на Кајсед за конечни 5:0. Никогаш досега во историјата на средбите на два тима не се случило една екипа да победи со ваков резултат.