Поврзете се со нас

АТП

Стоилковска по голема борба загуби од третата носителка во Куршумлијска Бања

Објавено

на

foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска по голема борба загуби од третата носителка Пемра Озген на ИТФ фјучерсот во Куршумлијска Бања.

Стоилковска беше максимално рамноправна со Турчинката, во некои моменти и подобра во дуелот кој траеше скоро два ипол часа, интервал во кој Озген го доби првиот сет со 6-3, Магдалена возврати со 6-0 за да во третиот сет се се реши во тај-брејкот кој и припадна на фаворитката со 7-3.

Затоа пак во двојки, Стоилковска и Екатерина Козлонова ги надиграа Соња Касани и Ана Гиралди Рекуена со 7-5 и 6-3.

Два пораза „запишаа“ македонските тенисери кои преку квалификациите стигнаа до главниот турнир за мажи М25 Куршумлијска Бања. Обрад Марковски загуби од Јаник Келм од Германија со 2-0 во сетови (62 64), додека Шендрит Деари е поразен од Стефан Вујиќ од Австралија со 2-0 во сетови (75 64).

На машкиот дел од турнирот утре во второто коло настап ќе има Горазд Србљак, кој за противник го има Бранко Ѓуриќ од Србија.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни