Хаос во Германија: Поради мраз и врнежи од снег едно лице загина, 17 се повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку едно лице загина, а 17 се повредени во несреќи што се случија во Германија поради мраз и снег, објави денеска германскиот весник „Тагесшпигел“.

Во близина на Илменау во Тирингија, вчера почина 65-годишен маж, пишува весникот, повикувајќи се на полицијата. Во таа провинција врнеше снег, а температурата беше нешто над нулата степени.

Според извештаите, вкупно 17 лица се повредени поради невремето во централна и источна Германија. Две лица во Тирингија, четири во Саксонија, четири во Хесен и седум во Саксонија-Анхалт. Две лица се тешко повредени.

Студено и денеска ќе биде во Германија, пишува весникот, повикувајќи се на германската метеоролошка служба (ДВД).

ДВД најави обилен снег и предупреди на услови за мраз.

Особено во Баварија, обилните врнежи може да доведат до прекин на сообраќајот и зголемен ризик од паѓање на дрвја, наведува Тагешпигел.